Monday, December 3, 2018

Page semi-protected

Luis Suárez

Image result for суарез 
Луис Суарес (роден на 24 јануари 1987година) е уругвајски фудбалер, напаѓач на барселона и уругвајски презентација.

 

Професионална кариера

Летото 2013 година, Суарез потпишал нов договор со "Ливерпул" при што тој станал најплатен фудбалер на клубот. Во првиот дел од сезоната 2013-2014 година, Суарез се истакнал со своите одлични игри, постигнувајќи 19 голови за Ливерпул (до крајот на 2013 година), со што го свртел вниманието на светската фудбалска јавност. Сето тоа предизвикало зголемен интерес на повеќе големи клубови за ангажирање на Суарез, поради што неговиот клуб ги објавил двете откупни клаузули од договорот според кои Суарез може да замине во друг клуб само по цена од 130 милиони фунти (ако се работи за клуб од Премиер лигата) или по цена од 100 милиони фунти (ако станува збор за клуб надвор од Британија).

 Летот 2014 година, по завршувањето на светското првенство во Бразил, Суарез преминал во ФК Барселона, каде поради изречената казна од ФИФА не можел да игра на официјални натпревари до 23 октомври година. Истовремено, оваа година, Суарез ја добил наградата „Златната копачка“ (заедно со Кристиано Роналдо), како најдобар стрелец во Европските национални првенства. Како фудбалер на „Ливерпул“, во сезоната 2013-2014, тој постигнал 31 гол на 37 одиграни натпревари. На 15 април 2015 година, во првиот четвртфинален натпревар против „ПСЖ“, Суарез постигнал два гола, од кои, првиот бил 400. гол на „Барселона“ во Лигата на шампионите.
Во сезоната 2015/2016, Суарез играл во одлична форма. Така, веќе во средината на февруари, по одиграни 35 натпревари за „Барселона“, тој постигнал 39 гола и имал уште 12 асистенции. Со тоа, во поглед на постигнатите голови во текот на една сезона, тој ги надминал поранешните играчи на „Барселона“, Ето, Ривалдо и Ханс Кранкл кои имале постигнато по 35 гола.

Monday, November 26, 2018

ФУДБАЛ




Фудбал — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.

Улога на играчите

Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично натпреварувачите се делат на:
Голман.
- голман, кој основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Истотака, не му е дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја вратил својот соиграч.
- одбранбен играч, чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи често мораат решително да им се фрлат во нозете на противниците за да дојдат до топката.
- средишен играч, чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од самиот натпревар, средишните играчи имаат и други улоги. Тие се всушност најчесто креаторите на играта.
- напаѓач, чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.